. .

Копнен транспорт

Заштеда за сметка на квалитетот? Никогаш!

Вашето задоволство е наш приоритет. Затоа, ДБ Шенкер е целосно посветен на безбеден и ефикасен транспорт на стоки што ќе ни ги доверите во наши раце.

Нашиот интегриран систем за управување со квалитет ни овозможува да ги исполниме, па некогаш и да ги надминеме, вашите барања. Меѓу другото, имаме цел да ги задоволиме нашите клиенти со постигнување на три цели за квалитет:

  • Достава на пратки по договорен краен рок
  • Целосни и неоштетени доставени пратки
  • Навремена достава на фактури во кои се содржани точните износи за транспортот и извршената услуга

Ние постојано работиме на подобрување на нашите процеси и услуги, со цел да ги оствариме овие три цели и да ги исполниме вашите барања најдобро што можеме.

Ефективноста на нашиот интегриран систем за квалитет заедно со неговите алатки е потврден од Бирото за сертификација „Веритас“. Сертификатот на ДБ Шенкер групацијата што го издава агенцијата го опфаќа целото портфолио на производи за Европа.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната