. .

Посебни услуги

Добриот штанд значи успешна презентација

За долгорочен деловен успех потребно е убедливо презентирање – на сите поголеми пазари и барем на најважните трговски саеми во светот.

„DB SCHENKERfairs“ (ДБ Шенкер- служба за саеми) претставува сеопфатен сервис на ДБ Шенкер кој се грижи околу целокупната организација на трговски саеми за фирми од најразлични сектори, насекаде во светот.

Ние направивме прецизноста на логистиката да стане дел од нашата програма за трговските саеми. Имаме долгогодишно искуство на меѓународната сцена на трговските саеми, широк спектар вештини на секој континент и целата логистика од едно место. Ние сме вашите партнери за логистика при организирање трговски саем каде било во светот, а вие може слободно да се посветите на промовирање и поттикнување фирмите да се презентираат на саемот.

Логистика за организација на трговски саем од еден извор.

Имајте доверба во ДБ Шенкер – партнер што е подготвен да ви ја обезбеди целокупната логистика за саеми насекаде во светот. Ние ви нудиме специјално портфолио за трговски саеми и специјализирани решенија. А совршено изложување за Вас ќе значи врвен успех.

Нашите услуги:

  • Транспорт за саеми – Германија, Европа и прекуокеански транспорт
  • Комбинирано пакување на опремата за штандовите, експонатите и рекламните материјали
  • Подготовка на распоредите и обработката за вашиот транспорт
  • Привремено складирање на производниот и рекламниот материјал
  • Навремена достава на штандот
  • Пренос на експонатите од кое било место во светот
  • Царински постапки и документација
  • Празна амбалажа: Собирање, складирање и достава
  • Транспортно и саемско осигурување
  • Специјалисти: Искуство во комерцијалното работење, комуникација на повеќе јазици и техничка подготвеност
  • Обезбедување наша опрема: Вилушкари, кранови, камиони и специјализирана опрема.

Последно ажурирање: 07.03.2017

Кон почетокот на страната