. .

Посебни услуги

Логистика за победници

Веќе долго време на меѓународните спортски натпреварувања не е важен само спортот. Не само што големите спортски настани се планираат години пред да се одржат, се планираат и програмите за придружните настани.

Експертите за логистика на „DB SCHENKERsportsevents“ се специјализирани за големи спортски настани – претходна подготовка на логистички концепти за организаторите, програми за пречек на гостите, спонзорите, добавувачите и медиумите.

DB SCHENKERsportsevents обезбедува услуги на логистика за:

  • Меѓународните федерации и Националните федерации
  • Националните олимписки комитети
  • Националните параолимписки комитети
  • Комитетите за организација на поголеми спортски настани
  • Компании во делот спортски спонзори
  • Пренос и носители на права
  • Медиуми и печат
  • Агенции за организација на настани
  • Добавувачи, комерција и лиценцирање

Нашите концепти за спортска логистика вклучуваат услуги за:

  • Пробни настани
  • Натпреварувања
  • Настани и локации без натпреварувачки карактер
  • Спортски изложби и конгреси
  • Штафетни поворки и поворката за игрите на Комонвелтот

При подготовката и реализацијата на логистичките концепти, проектните планери на DB SCHENKERsportsevents не само што ги обезбедуваат услугите на копнен, воздушен и прекуморски транспорт, туку и вршат координација на глобалниот транспорт, складишење и логистика на локација.

Нашите концепти за спортска логистика вклучуваат:

  • Сложени царински формалности
  • Безбедни методологии за дистрибуција
  • Активности за избор на достава/пакување
  • Достава до локацијата точно на време

Во рамките на глобалната мрежа на ДБ Шенкер, нашите концепти за логистика не познаваат граница.

ДБ Шенкер располага со сеопфатна експертиза во обезбедувањето на услуги на логистика за големи меѓународни спортски настани, вклучувајќи ги олимписките игри во Минхен 1972 година и Сиднеј 2000 година, зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити 2002 година и игрите на Комонвелтот во Манчестер 2002 година.

Ние знаеме дека организацијата на големи спортски настани бара прецизно планирање за да се осигури дека услугите ќе ги исполнат критериумите на организаторскиот комитет и неговите клиенти.

Врз основа на долгогодишното искуство во специфичните области, ДБ Шенкер има воспоставено свои специјализирани центри. Нашите главни области на фокус се следните:

  • Фудбал
  • Олимписки и параолимписки игри
  • Едрење

Последно ажурирање: 07.03.2017

Кон почетокот на страната