. .

The page is printed

Договорна логистика / SCM

Целосна услуга во текот на целиот процес

Без разлика дали е набавка, управување со складиште, набавка за производство или дистрибуција – ние ви нудиме поддршка во целиот ваш вредносен синџир. Вршиме консолидација на текот на вашите стоки и информации и ви нудиме повисок квалитет за помала цена.

Што можете да искористите вие од нашите услуги:

Ќе ги намалите административните трошоци и ќе имате добивка од едноставната и ефикасна соработка во целиот синџир на набавка

  • Еден контакт партнер за протокот на информации помеѓу сите засегнати страни
  • Организација и спроведување на сите процеси во текот на вредносниот синџир
  • Собирање, прием, инспекција и складирање на вратена стока во согласност со нарачката, заедно со целокупната придружна документација

Транспарентноста во целиот синџир на логистика ви овозможува контрола и следење на сите процеси.

  • Активна контрола и приказ на целокупното движење на стоката со помош на висококвалитетна информатичка технологија за управување со складишта; следење на пратките во различни видови транспорт
  • Може да пристапите до сите информации секогаш кога ќе посакате во реално време.
  • Проактивни системи за рано предупредување што ја осигуруваат доставата.

 

Ние ќе ги намалиме вашите трошоци за транспорт со подобро планирање на пратката и оптимизирање на транспортните мрежи.

  • Структура и вмрежување на локации за претовар и логистика што ќе одговараат на потребите
  • Користење на транспортни системи, како што се парцијалните и целосните пратки, транспортот на општ товар и секојдневните рути во согласност со достапните капацитети и временски рамки
  • Синџири на мултимодален транспорт со придружна документација
  • Сеопфатен приказ на залихите во синџирот на набавка; покривање на процесите за управување со складиштето и инвентарот

Ние ви нудиме еколошки решенија.

  • Системи за пакување што може повторно да се искористат
  • Оптимизирање на рутата и модерен возен парк

Сертификат за заштита на животната средина во согласност со највисоките стандарди

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната