. .

The page is printed

Договорна логистика / SCM

Специјализирана договорна логистика

Дали работите на локално, национално, европско или глобално ниво? Без оглед каде испраќате или од каде примате пратки, ДБ Шенкер е вашиот сигурен партнер за сложени логистички решенија во целокупниот ваш синџир на набавка или за специфичните сегменти од него.

Договорната логистика вклучува повеќе од само складирање на стоките. Добар понудувач на услуги, исто така, треба да ги разбира и ефективно да ги проектира процесите на логистиката.

DB Schenker, DB Schenker

Нашите решенија ви овозможуваат конкурентна предност:

  • Ние изготвуваме специјализирани концепти на логистика за вас на повеќе од 50 локации, со вкупна површина од приближно 550.000м2 во Австрија и Југоисточна Европа. Повеќето од нашите капацитети се директно поврзани и интегрирани со локален центар за транспорт и претовар, со што ви овозможуваат совршени услови за интегрирани логистички решенија.
  • Суровини, делови и компоненти; контролиран транспорт на производни материјали до вашите фабрики; управување со складирањето, дистрибуцијата, придружни услуги на додадена вредност, повратна шпедиција – вие ќе имате на располагање сеопфатни услуги од еден единствен извор. Ние вршиме сè, од консултирање и планирање до целосна реализација на услугата.
  • Директните врски помеѓу нашите центри за логистика и главните транспортни терминали, исто така, ни овозможуваат да ви понудиме целосни решенија. За вас, ова значи кратко времетраење на транспортот, сигурност на процесот и следење на пратката и информирање од почеток до крај, во кое било време, преку нашите е-услуги.
  • Нашата програма за управување со квалитетот FLEX овозможува постојано надградување, стандардизирани постапки и сеопфатен опсег на еколошки безбедни решенија, кои гарантираат дека ќе ја добиете најдобрата можна услуга.

Ние зборуваме на вашиот јазик – а нашите експерти имаат широко познавање од долгогодишното искуство во развојот на иновативни секторски решенија.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната