. .

Договорна логистика / SCM

Подобрување на квалитетот на сите нивоа

Оперативниот квалитет, првокласната услуги и одржливоста што ја нудиме на нашите клиенти им носи одлучувачка конкурентна предност.

Нашата програма за управување со квалитетот (Flawless Execution (FLEX)) служи како основа за одржливата култура за подобрување на квалитетот во договорната логистика на ДБ Шенкер.

FLEX го претставува нашиот пристап кон деловниот успех и се состои од четири модули:

Квалитет на работниот циклус што го подобрува квалитетот на нашата работа преку хармонизирани и стандардизирани работни процеси. Заеднички јазик и формати кои ги забрзуваат процесите. Ефикасно управување со ризиците, кое ја ограничува изложеноста на закани. Ова ни овозможува да постигнеме висок степен на квалитет уште во фазата на планирање и безбедни трансакции од делот на планирањето до спроведувањето.

Оперативен квалитет користи алатки како што се „5S“ и „Six Sigma“ за евалуациите на сите процеси и подобрување од аспект на ефикасноста, ефективноста и флексибилноста. Ние ги користиме резултатите за следното:

  • Да се зголеми задоволството кај нашите клиенти
  • Да се намалат отпадните производи и девијациите во процесот
  • Да се реструктуираат активностите што не генерираат додадена вредност

Еко-квалитет ја зголемува еколошката ефикасност во тековните операции на складирање, со цел да ни овозможи да им понудиме на нашите клиенти еколошки услуги:

  • Се зема предвид енергетската ефикасност во сите оперативни процеси
  • Се користат алтернативни извори на енергија
  • Воведување зелени стандарди со цел намалување на емисиите на CO²

Квалитет на знаење го поддржува развојот на вработените и активно го промовира трансферот на менаџерско и техничко знаење во целиот циклус во работата со клиентот. Експертите за договорна логистика и младите потенцијални експерти учествуваат во различни програми за обука и се стекнуваат со квалификации од кои вие како клиент ќе имате корист.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната