. .

DB SCHENKERsecurity

Вие ќе бидете безбедни

Во Европа, секои две и половина минути се случува некое кривично дело што го вклучува транспортот на стоки. Дали некогаш сте биле жртва на кражба и сите непријатности што одат со тоа? Со DB SCHENKERsecurity нема да треба да се грижите за тоа.

Кражбите и вандализмот водат до финансиски загуби, повисоки административни издатоци и трошоци за осигурување и во многу случаи трајна штета по репутацијата на компанијата.

Ние развивме иновативно сеопфатно решение што ќе ви овозможи никогаш повеќе да не се грижите за такви работи. Заштитете ги вашите вредни стоки и производи со DB SCHENKERsecurity.

Вашата пратка е во добри и сигурни раце:

  • Можете да ни верувате нам и на искуството што го имаме: Нашиот тим експерти во Виена работи со надлежните лица за безбедност во секоја земја во светот, со цел да осигури дека ништо нема да ѝ се случи на вашата пратка.
  • По ваша желба, можеме да организираме постојан надзор со помош на компанијата за обезбедување „Eurowatch“.
  • Безбедни решенија и за целосни пратки (FTL) и за општ товар
  • Ние работиме со искусни надворешни партнери, со цел да осигуриме дека вашите стоки ќе бидат соодветно заштитени на критичните точки во текот на синџирот на транспортот.
  • Сите вклучени страни во целокупниот процесен синџир посетуваат периодични обуки за безбедност.
  • Сите терминали на ДБ Шенкер подлежат на строги безбедносни стандарди: * 40 терминали во Европа (12 во југоисточна Европа) имаат сертификати во согласност со највисокиот стандард за безбедност (FSR-A) од TAPA-EMEA.
  • Следење на потенцијално опасните познати “критични точки“ за групи крадци ширум Европа
  • Придржување кон постапките што вклучуваат највисоки можни стандарди за безбедност

Безбедноста и сигурноста на вашиот товар е наш највисок приоритет. Токму затоа, ние продолжуваме напорно да работиме на развојот на нови решенија што ќе обезбедат вашите стоки да пристигнат на дестинацијата безбедно, сигурно и без оштетувања.

Нашите напори во оваа насока беа наградени со наградата за транспортна логистика Хермес за 2014 година - Hermes Transport Logistics Award.

* Функциите вклучуваат аларми, безбедни паркиралишта, огради и внатрешни системи за видео надзор. Возилата се опремени со GPS системи за позиционирање, проверки за вратите, сензори и алармни единици кои се поврзани со компанијата за обезбедување „Eurowatch“.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната