. .

Океански транспорт

Опасни материи

Превезувањето опасен товар претставува посебен предизвик за сите вклучени страни, како и за нашата мрежа. Затоа, ние имаме создадено наши транспортни решенија на начин што ќе се обезбеди безбедно пристигнување на вашиот опасен товар на дестинацијата.

Има повеќе работи на кои треба да посветите внимание при транспортот на опасни материјали. За различните класификации на опасни стоки потребни се различни типови мерки на претпазливост за нивниот транспорт. Дополнително, испраќачите, пакувачите и превозниците треба да исполнуваат различни регулативи.

Сите претставништва на ДБ Шенкер располагаат со експерти за опасен товар кои ќе ви помогнат со сложените аспекти на транспортот на ваквиот товар. Тие, со задоволство, ќе ви ги претстават опциите за транспорт на опасниот товар и ќе ве информираат за посебните одредби или исклучоци што би можеле да се применливи за вашите производи. Ние, исто така, за вас управуваме со целосната документација (Декларации на Меѓународната поморска организација) и активностите поврзани со следење на пратката.

Сите вработени во ДБ Шенкер кои се вклучени во транспортот на опасни стоки се обучени и имаат специјалистичко знаење што е потребно за да се придржуваат кон сите релевантни регулативи за безбедност. Автоматскиот систем за обработка овозможува пристап до податоци за пратките со опасен товар во текот на секоја фаза од транспортниот процес, а со тоа се гарантира дека вашиот товар ќе пристигне на дестинацијата без никаков проблем.

Нашата европска мрежа за копнен транспорт има капацитет за 98 проценти од вообичаените опасни материјали. Има ограничувања за Класите опасни стоки 1, 6.2, и 7, како и за особено опасните материјали, според дефинициите во посебното законодавство или националните регулативи.

Ако сакате да добиете повеќе информации, едноставно испратете го вашето прашање со следните информации:

  • УН број
  • Ознака на материјалот (техничка ознака)
  • Класа ВП група или шифра на класата
  • Отпаден материјал
  • Содржина опасна за животната средина
  • Амбалажа  
  • Волумен/количина

Исто така, можете да разговарате за потенцијалните проекти со вашиот вообичаен контакт партнер, кој понатаму ќе контактира со експертот за опасен товар на ДБ Шенкер.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната