. .

The page is printed

Океански транспорт

Ви посакуваме добредојде!

Нашите прекуокеански услуги на шпедиција ќе ви бидат ветар во едрата на вашите логистички процеси. Како една од најголемите светски шпедитерски друштва, ние може да ви понудиме специјализирани решенија за сите предизвици при поморскиот транспорт.

Глобално присутни со локални услуги: ДБ Шенкер ви нуди целосен пакет услуги поддржани од глобална мрежа која вклучува повеќе од 700 претставништва за прекуокеанска шпедиција. Ние поврзуваме 130 земји по поморски пат и секојдневно пренесуваме околу 3.800 контејнери.

Преглед на сите предности:

  • Ви нудиме опција за прекуокеанска шпедиција што одговара на вашите потреби – без разлика на дестинацијата на пратката.
  • Искористете ги предностите што ги нуди нашата целосна услуга директно од врата до врата. Работиме со распореди во фазата пред товарање на контејнерот и по негово испраќање, ја обезбедуваме целата неопходна опрема и ги вршиме сите останати работи, од царински постапки до складирање и проверка на квалитетот.  
  • Беспрекорно време на транзит како резултат на стандардните процеси и соработката што ја имаме со врвни прекуокеански превозници
  • Флексибилни мултимодални решенија за транспорт пред товарење по утовар – ќе заштедите пари со оптимална комбинација од железнички, камионски и речен транспорт.
  • Целосна поддршка од локални експерти
  • Ние изготвуваме сопствени товарни листови преку „DB SCHENKERocean“ и коносмани за поморски транспорт и мултимодална шпедиција. Тоа ни овозможува да ја транспортираме вашата пратка до самото место (од врата до врата) со еден единствен документ – брзи и без бирократски формалности.
  • Вие ќе ги користите предностите со конкурентните тарифи што се резултат на комбинираната куповна моќ на глобален играч.
  • Нашите е-услуги ви овозможуваат следење на вашата пратка на интернет во текот на целиот процес на транспортот.

* Овие товарни листови ги исполнуваат меѓународните стандарди, вклучително UCP 600 (Универзална царинска постапка и практика за документација).

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната