. .

DB SCHENKERsmartbox

Практично и иновативно следење

Со новиот сервис DB SCHENKERsmartbox се следи глобалниот транспорт на стоки на практичен и иновативен начин. Сега може да изберете од повеќето опции од услугата DB SCHENKERsmartbox family која ќе одговара на вашите потреби.

DB SCHENKERsmartbox premium користи GPS координати за да можете да ги следите вашите пратки на интернет во реално време. Постојано се проверуваат параметрите како што е температурата, влажноста, гравитационите сили, движењето, вибрациите и закосувањето. Технологијата ја следи рутата во текот на различните видови транспорт преку гео-ограничување, телематичко решение каде што контејнерот може да се движи само во рамките на претходно дефинирана област. Уредот испраќа информација за каков било обид да се отвори контејнерот. Параметрите може посебно да се конфигурираат на интернет. Новата услуга за воздушно и океанско следење, исто така, ви овозможува да ја следите секоја единица поединечно, во реално време, преку интернет.

DB SCHENKERsmartbox light овозможува документирање на температурата, влажноста, гравитациските сили, вибрациите и закосувањето во текот на транспортот. Може да го користите софтверот за да ги дефинирате референтните вредности за секој параметар. Сите вредности над референтните прагови ќе бидат евидентирани.

DB SCHENKERsmartbox easy 1 and easy 2 ја мери температурата (DB SCHENKERsmartbox easy 1) или температурата и влажноста (DB SCHENKERsmartbox easy 2) во текот на транспортот. Зачуваните вредност може лесно да се пренесат преку USB откако ќе пристигне пратката. Се забележува точното време кога било направено секое мерење. Графикон ги прикажува мерењата за температурата и сите девијации од претходно дефинираниот температурен опсег.

DB SCHENKERsmartbox easypharma е сертифицирано решение создадено за фармацевтската индустрија и за транспорт на медицински производи. Ги мери и чува температурата и влажноста во текот на транспортот. Зачуваните податоци може лесно да се прочитаат со USB врска. Проширената меморија овозможува зачувување до 32.000 мерења, кои клиентот ги добива преку е-услугите на главната интернет страница на ДБ Шенкер.

DB SCHENKERsmartbox logistics овозможува следење на нивоата на температурата и влажноста во стандардни и разладени складишта. Уредот ги пренесува податоците до компјутер во реално време, каде што се чуваат во база на податоци. Предностите на системот вклучуваат точност на мерењата и безжичен трансфер на податоците. Ако се надминат референтните вредности за температурата и влажноста, кои може поединечно да се конфигурираат, автоматски се вклучува аларм што овозможува да се преземат соодветни мерки.

SCHENKERsmartbox individuals нуди оптимални решенија за секој вид транспорт и област на примена во текот на целокупниот синџир на набавка. ДБ Шенкер ќе работи на вашите барања за да го изнајде најдоброто решение во рамките на вашиот синџир на набавка.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната