. .

The page is printed

Железнички транспорт

Број еден во Европскиот железнички транспорт

ДБ Шенкер е водечки светски понудувач на услуги на интегрирана логистика и исто така е најголем шпедитер во железничкиот транспорт во Европа од аспект на количините на стоките што се транспортираат. Нашата мрежа ви нуди неповторливи конкурентни предности.

Придобивки за вас:

  • Имаме приближно 4.200 директни железнички терминали на локации на клиенти во Европа. Исто така, имаме 114.000 товарни вагони и 3.400 локомотиви – а тоа значи дека вие имате пристап до една од најголемите светски железнички мрежи и најголемиот железнички возен парк во Европа.
  • Затоа, може да бидете сигурни дека ние ќе ги исполниме сите ваши барања што се однесуваат за транспортот на вашите стоки. Нашиот искусен тим се состои од експерти од различни сектори кои имаат пристап до широк опсег специјализирана опрема.
  • Дали заштитата на животната средина за вас е приоритет? Железничкиот транспорт значајно ќе го намали негативното влијание на вашата компанија врз животната средина: Ниту еден друг вид транспорт не е толку еколошки.

Нашите решенија за железничкиот транспорт ќе осигурат да добиете товарен капацитет колку што ви е потребно и ние ќе ги исполниме вашите кратки рокови за достава. Нашите производи го вклучуваат „PowerRailer“ и „Danube Nordic Shuttle“, кои ги превезуваат вашите стоки во југоисточна Европа и Скандинавија во согласност со фиксни возни редови

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната