. .

The page is printed

Како да аплицирате

Сега ќе се запознаеме

Откако ќе ни го привлечете вниманието ќе сакаме подобро да ве запознаеме. Сега е моментот да не импресионирате со вашето знаење и оригиналност во директен или телефонски разговор со нас.

Четири клучни работи за успешно интервју:

1. Добро подготвени ќе оставите добар впечаток.

Доброто подготвување е клучно за да се чувствувате и да изгледате сигурно и способно. Бидете подготвени да одговорите на прашања од следните теми:

  • Вашата кратка биографија
  • Што ве мотивирало да се пријавите за работното место
  • Технички/стручни прашања поврзани со работното место и задачите што ги вклучува
  • Прашања во врска со секторот логистика и ДБ Шенкер

2. Пријатен и пријателски настап.

Важен е првиот впечаток што ќе го оставите. Затоа треба да бидете навреме и да бидете отворени и оригинални – бидете свои! Соодветната облека, исто така, помага во првиот впечаток, се разбира, треба соодветно да се облечете.

3. Не паничете.

Нормално е малку да сте нервозни. Вообичаено разговорот го води некој од секторот за човекови ресурси заедно со раководителот на секторот каде што аплицирате. Овие луѓе разбираат дека можеби сте малку нервозни и затоа и ќе ви помогнат да се опуштите - затоа, не паничете!

4. Бидете љубопитни.
Во текот на разговорот покажете дека се интересирате за нашата компанија. Ќе ви биде дадена можност да поставите прашања на крајот од интервјуто. Искористете ја оваа можност за да ги разјасните сите отворени прашања и покажете ни дека вистински сте размислувале за нашата компанија и работното место за кое аплицирате.

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната