. .

The page is printed

Вашиот работодавач

Како се станува водечки понудувач на услуги на мобилност и логистика

Водечките принципи до кои се држи SCHENKER & CO AG се столбовите на нашата корпоративна култура. Овие принципи, исто така, служат како основа за сите наши цели и стратегии.

Кои сме ние

Ние сме експерти за услуги за логистика во копнениот транспорт, воздушна и океанска шпедиција и управувањето со синџир на набавка.

Како интегрирана корпоративна група, ние континуирано ги развиваме решенијата за мобилност и логистика на локално, национално и меѓународно ниво.

Ние веќе денес работиме со транспортните мрежи на иднината, со тоа што овозможуваме движење на луѓе и стоки во целосниот синџир на мобилност и логистика.

Нашата цел

Ние сакаме да станеме водечки понудувач на услуги на мобилност и логистика.

Нашиот пристап во водењето ги зема предвид економските, социјалните и еколошките аспекти на нашите активности. Ние сме цврсто посветени на принципите на општествена одговорност и се гледаме себеси како пионер во развојот на еколошки ефикасен и сигурен систем за транспорт.

Како ќе ја постигнеме нашата цел

Со тоа што ќе им покажеме на нашите клиенти, вработени и акционери дека сме најдобри во она што го работиме.

Фокус на клиентот: Сè што правиме е во насока на исполнување на барањата и потребите на нашите клиенти. Нашите клиенти продолжуваат да ни веруваат бидејќи ние им нудиме висококвалитетни производи, конкурентни цени и сигурна услуга.

Напредни: Ние промовираме флексибилност, желба за учење, посветеност за квалитет и храброст да се преиспитуваат и подобруваат постоечките процеси и практики. Иновативните решенија што ги развиваме создаваат нови можности на пазарот за вашата компанија.

Одговорни:  Веруваме во моралните вредности, почит кон другите и почитување на регулативите и законите. Ние дејствуваме за пример, согласно принципите на интегритет и во донесувањето на нашите одлуки и спроведувањето на активностите ние ги имаме предвид интересите на нашите партнери.

Фокус на бизнисот: Ние сме посветени на континуираното зголемување на вредноста на вашата компанија, со цел да се задржи на капиталните пазари и да осигури идни инвестиции.

Фокус на вработените: Ние сме посветени на одржување работна средина што стимулира соработка и колегијалност во мултикултурен контекст и им нудиме на нашите вработени можности за развој на кариерата согласно нивните потреби.

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната