. .

Профил

15 години успех заедно со Вас

На основа на укажаните потреби, односно на постојаното зголемување на размена на добра, во 2001 година основана е фирмата Шенкер ДООЕЛ Скопје.

Моментално имаме 50 вработени со соодветно образование и искуство во обавувањето на шпедитерските работи.

Во рамките на Шенкер ДООЕЛ Скопје функционираат одделенијата за Копнен, Авионски и Поморски транспорт и одделението за царинско посредување со сопствено царинско складиште.

Нашите канцеларии и царинското складиште се наоѓаат на улица 36 бр.1,  Индустриска Зона Илинден .

Со професионалниот однос, искуството и знаењето, во можност сме да ги придобиеме новите клиенти, а нашето постоење е насочено кон две цели:
Широка палета на услуги и задоволни клиенти.

Работиме и на континуирано едуцирање на нашите вработени по пат на разни семинари, курсеви итн.

Горди сме и на поседувањето на цертификатот ISO 9001:2000 Quality management standard, ISO 14001:2004 Environmental management standard и HACCP цертификат потврдени од страна на надворешен Аудит во 2013 година.

Последно ажурирање: 06.04.2016

Кон почетокот на страната