. .

Профил

Глобалните синџири за снабдување прилагодени за секој клиент

Растење и глобални услуги: ДБ Шенкер има долгогодишно искуство како снабдувач на интегрирани логистички услуги. Експертски тимови ги поврзуваат модулите на целиот спектар на услуги за да создадат сложени синџири на вредности.

ДБ Шенкер ги поддржува индустријата и трговијата во глобалната размена на стоки: во патниот транспорт, во светот на воздушниот и океанскиот транспорт, договорната логистика и управување со снабдувачки синџири. Во 2015 година, околу 66.000 вработени во околу 2.000 локации во целиот свет остварија приходи во висина од 15.451 милијарди евра.

Како специјалист во европскиот копнен транспорт, и патниот и железничкиот, ДБ Шенкер ги поврзува сите важни економски региони во повеќе од четириесет европски земји преку густа мрежа на редовно закажани услуги. Компанијата е исто така специјализирана во глобалните воздушни и океански товарни решенија, како и сите поврзани логистички услуги. Интегрираните логистички центри на најважните раскрсници во светот каде што се спојува протокот на стоки  создадоа ефикасна врска меѓу сите превозници и овозможија широк спектар на услуги со додадена вредност.  ДБ Шенкер држи високи позиции во автомобилската индустрија, високата технологија, производите за широка потрошувачка, шпедицијата, посебниот транспорт и услугите за големи спортски настани.

Европски копнен транспорт

Со приближно 24.000 вработени во 730 локации, ДБ Шенкер е број 1 во европскиот копнен транспорт. Внатрешната деловна единица ги поврзува најважните економски региони во околу четириесет европски земји со мрежа од приближно 32.000 редовни закажани услуги за општ товар неделно. ДБ Шенкер на своите клиенти им нуди оптимизирани услуги, во поглед на времето на испорака и трошоците, за општ карго и делумни и целосни товари.  Исто така нуди логистички синџири со силна железнички компонента за европскиот и транс-континенталниот пазар, комбинирање на предностите на железничкиот и камионскиот транспорт. ДБ Шенкер има густа европска мрежа, со што се овозможува обезбедување на услуги од еден извор во согласност со подеднакво високи, потврдени стандарди за квалитет - од Шпанија и Португалија до Уралските планини и од Финска на Сицилија, Романија и Турција.

Воздушен / Океански транспорт

Со својата положба на пазарот како број 3 во авионскиот и број 3 во океанскиот транспорт, ДБ Шенкер е еден од водечките провајдери на светот. Нуди широк спектар на услуги во глобалниот воздушен и океански транспорт. Работи на 800 локации низ светот со околу 20.000 вработени. ДБ Шенкер остварува околу 1.200 чартер летови во една година, со што ги поврзува центрите на сите континенти неколку пати неделно, според распоредот на летовите и гарантираните капацитети. Еден од пионерите во авионскиот транспорт, ДБ Шенкер сега е лидер во иновативни концепти за авионски транспорт.

Договорна логистика/SCM

Во договорната логистика, ДБ Шенкер, со речиси 20.000 вработени во скоро 570 локации со магацински простор од над 7,7 милиони квадратни метри во над 50 земји на сите континенти, нуди кориснички логистички решенија за индустријата и трговијата. ДБ Шенкер е рангирана како петта компанија во светот за договорна логистика. ДБ Шенкер има развиено сеопфатно портфолио на поединечни решенија за единиците: автомобилска индустрија, потрошувачи, електроника, индустрија и здравство. Палетата на услуги ги вклучува сите фази на синџирот на вредност, од логистиката за набавка, производство и дистрибуција до услугите за после-продажба. Нашата основна надлежност е планирањето и извршувањето на комплексни глобални синџири за  снабдување.

Клучни бројки: Годишен извештај за 2015

Приходи (милиони евра)15,451

Вработени (со полно работно време од 31 дек., 2015)

66,327

Локации2,000
Пратки во европскиот копнен транспорт (илјади)101,703
Обем на воздушниот транспорт (извоз) (илјади тони)1,128
Обем на океански транспорт (извоз) (илјади ДЕЕ)1,942


Последно ажурирање: 23.03.2016

Кон почетокот на страната