. .

The page is printed

Почитување на статутарното законодавство

Кодекс на однесување на ДБ

Врз основа на законите и Кодексот на однесување на ДБ, во рамките на ДБ Групацијата има јасни договори кои и понатаму се склучуваат и се однесуваат на етичкото однесување во дејноста согласно правилата и другите регулативи. Овие внатрешни принципи претставуваат насоки за вработените и раководството за сите деловни активности и договори со клиентите. Внатрешните регулативи посебно го дефинираат однесувањето во следните ситуации:

  • Корист – давање и примање

Транспарентни упатства како се справува со користи од трети страни или благодарност од самата компанија

  • Заштита на средства

Упатства за заштита на дејноста и трговските тајни, како и средствата на ДБ Групацијата

  • Закон за картели/фиксирање на цени

Информации и насоки како да се избегнат договори што ја ограничуваат конкуренцијата, фиксирањето цени и понуди што ја ограничуваат лојалната конкуренција

  • Претставници, брокери, консултанти

Правила за соработка и селекција

  • Конфликт на интереси

Упатства за да се избегнат конфликти на интереси, т.е. помеѓу приватните интереси на вработените и нивниот работодавач

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната