. .

Компанија

Довербата е добра, верификацијата е најдобра

Како клиент, потребни е да бидете сигурни дека соработувате со сериозна компанија која не дава празни ветувања. Сакаме да ви го дадеме тоа чувство на сигурност.

Ние редовно подлежиме на екстерни процеси на сертифицирање, се со цел да ви демонстрираме дека работиме согласно генералните стандарди во оваа индустрија и дека континуирано работиме на подобрувањето на компанијата.

EN ISO — континуирано подобрување

Schenker & Co AG е сертифицирана во Австрија и Југоисточна Европа, во согласност со стандардот EN ISO 9001 за управување со квалитет и стандардот EN ISO 14001 за управување со животната средина.

EN ISO 9001 потврдува сообразност со барањата за управување со квалитетот. Меѓу другото, компанија што добива таков сертификат одржува конзистентен фокус на клиентот, усогласена е со сите владини регулативи и спроведува континуиран процес на унапредување на сопствениот систем на управување.

Сертификатот EN ISO 14001 потврдува постоење на континуиран процес на унапредување на резултатите што компанијата ги постигнува во однос на заштитата на животната средина.

ДБ Шенкер логистика е активна во поголемиот дел од европските земји како Овластен економски оператор (ОЕО) и има статус Ф, кој опфаќа комбинација од сертификати за безбедност и царински процеси.

Сертификатот за ОЕО покажува колку е сериозна компанијата и нејзината посветеност на безбедноста. Австриската царинска управа е одговорна за сертификатот за ОЕО и за следење на сообразноста на компанијата со стандардите на Управата.

HACCP — сигурно и хигиенски

Инспекциската агенција „TÜV Austria Cert“ потврдува дека системот на управување на ДБ Шенкер ги почитува правилата содржани во стандардот HACCP (анализа на опасности и критични контролни точки).

HACCP исто така вклучува регулативи во однос на хигиената за вработените кои доаѓаат во контакт со храна или пратки поврзани со храна.

TAPA — гарантирана сигурност

Во неколку избрани терминали се спроведоа мерки за истите да добијат сертификати како капацитети со ниво А за безбедност на пратките (FSR Level A). Ниво А од барањата за безбедност на пратка е највисокиот сертификат за безбедност кој го издава Здружението за заштита на транспортот на предмети за Европа, Средниот Исток и Африка (TAPA-EMEA).

TAPA-EMEA е група раководители за безбедност и логистика од неколку различни компании за производство и логистика. Регулативите за безбедност на пратките на TAPA вклучуваат упатства како да се заштитат објекти, опрема и процеси, со цел да се осигури безбеден транспорт и чување на сите стоки што се транспортираат.

Сертификатот на ДБ Шенкер групацијата

Ефективноста на нашиот интегриран систем за квалитет заедно со неговите алатки е потврден од Бирото за сертификација „Веритас“. Сертификатот на ДБ Шенкер групацијата што го издава агенцијата го опфаќа целото портфолио на производи за Европа.

Сертификатите се со важност од три години, а во тоа времетраење надворешната агенција што ги издава (Бирото Веритас) мора редовно да ја проверува сообразноста со сите процеси и насоки за квалитет. Според ова, се спроведуваат серија независни ревизии директно во нашите претставништва и капацитети. Според тоа, нашиот систем за управување со квалитет ги надминува барањата од стандардот ISO 9001, кој е насока за ревизија на системи за управување.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната