. .

Историја

ДБ Шенкер - основана 1872 г. во Виена

“Испорака од врата до врата” — Способноста на Шенкер да го исполни ова ветување е она што и овозможи на компанијата толку брзо да стане лидер во овој сектор.

Денеска, како и во минатото нашата основна цел е задоволување на потребите на нашите клиенти побрзо и поефикасно.

На 1 јули 1872 година, Готфрид Шенкер (Gottfried Schenker), заедно со два партнера, ја основа шпедитерската фирма „Schenker & Co.“ во Виена. Менаџерската генијалност на претприемачот со швајцарско потекло претставуваше вовед во групните пратки преку железнички сообраќај. Идејата за консолидирање на мали пратки во поголеми единици доведе до целосно нов, брз транспортен систем, со разумна цена, преку железнички, копнен, воден транспорт, како и транспорт по внатрешните водни текови.

Мрежата претставништва се ширеше со голема брзина. На крајот на 19 век, „Schenker“ веќе беше единственото претпријатие што нудеше тарифи пресметани од Лондон до Истанбул. Неговиот успешен и победнички пристап – „Транспорт од куќа до куќа само со еден превозник“ – набрзо го направи водач на пазарот, бидејќи успеа да ги исполни барањата на неговите клиенти подобро и побрзо од сите негови конкуренти. Компанијата го има задржано овој пристап до денес.

Еден модерен историчар за Готфрид Шенкер, кој починал во 1901 година, го напишал следното, „Тој беше еден од големите економски пионери на 19 век и стана познат далеку преку границите на Австроунгарската империја“.

На преминот во новиот век, Виена беше метропола во земја во срцето на Европа, каде што активно се користеа 10 јазици. Почнувајќи од Виена, компанијата отвори пазари во рамките и надвор од Австроунгарската монархија. Набрзо потоа, Готфрид Шенкер, основа свои претставништва во Будимпешта, Триесте, Прага, Белград, Софија, Солун и Константинопол. Во тоа време, дистрибуцијата во рамките на градовите и одделни региони се вршела со помош на кочии влечени од коњи. Во функција на трговски центри биле големите магацини, како оној во Виена. Пратките за поголеми далечини се транспортирале преку железницата. Меѓутоа, за групниот превоз преку целиот континент или транспортот на товар на големо, потребен бил и транспорт по воден пат. Во очекување на понатамошен развој, Готфрид Шенкер купил удели и во поморските линии. Почнувајќи од Триесте, тој организирал транспорт преку Средоземното море, до Белгија, Холандија, Германија и Велика Британија, како и до Соединетите Американски држави. Бродовите на компанијата со неговото име „Готфрид Шенкер“ и името на неговата сопруга „Бети“ го преминувале атлантскиот океан.

Во 1913 година, беше основано првото претставништво надвор од Европа, во Њујорк. Истовремено, компанијата ги разгледуваше можностите на модерната технологија, со комбинирање на шпедицијата со новите методи во телекомуникациите. Токму кога се отворија новите транспортни патишта за Америка, компанијата купи удели во добро познати телеграфски компании, кои за прв пат, ја поврзаа Европа и Америка, преку комуникациските кабли. Готфрид Шенкер создаде фондација за мрежа превозни средства ориентирана кон иднината, користење на информатичката технологија и глобалното присуство на компанијата. Во период од 135 години, успехот на Schenker се основа на овие принципи.

Возбудливата приказна за економскиот пионер Готфрид Шенкер детално е документирана од страна на познатите економски историчари Херберт Маис (Herbert Mais) и Дитер Стифел (Dieter Stiefel) која беше објавена во книгата „Династијата Шенкер; Историја на шпедицијата од 1872 до 1931 година“ ( The Schenker Dynasty; History of freight forwarding from 1872 to 1931).

Last modified: 16.12.2014

To top of page