. .

Пијалоци

Најдобра логистика за квалитетни пијалоци

Вино, жестоки пијалоци, пиво и други пијалоци спаѓаат во вредни, чувствителни стоки. Благодарение на нашата стручност во индустријата, ние можеме да ви понудиме специфични решенија со кои вашите пратки ќе пристигнат на нивната дестинација безбедно и сигурно.

Во ДБ Шенкер, ние ја споделуваме со вас вашата љубов кон префинети пијалоци. Ние  веќе со години сме експертски партнер за индустријата за вино и пијалоци. Специјализирани тимови во сите клучни земји развиваат специјализирани услуги за вино, како и други типови пијалоци и течна храна, како што се пиво, сокови, алкохол, масла и слично. Исто така, работиме со временски чувствителни пратки, како оние што се бараат за „Beaujolais Nouveau“ или за промоции со ограничен рок.

Ви обезбедуваме глобални увозно – извозни директни услуги. Достапни ви се сите видови транспорт, вклучително брод, воз, камион и авион. Понатаму, можеме да ги пресметаме емисиите во текот на целиот синџир на достава и да ги оптимизираме за да се ограничи влијанието врз животната средина. Температурно контролирано складирање на шишиња и течности во флекси-кеси или ISO резервоари што ќе го заштитат квалитетот на течниот товар.

.

Ние ги испраќаме вашите стоки и се грижиме за посебното пакување и заштита што се потребни за врвните вина и алкохолни пијалоци. Нашите услуги, исто така, вклучуваат безбедно складирање со полици, одбир на кутии/шишиња, следење и достава на примероци или мали нарачки. Запознаени сме со различните и специфични услови за увоз и извоз и се грижиме за формалностите, како што се царинските документи, сертификатите и означувањето. Исто така, имаме пристап до EMCS (Системот за движење и контрола на акцизни стоки) постапката за транспорт во рамките на ЕУ и во име на клиентите се грижиме за царинската постапка и даночните пријави.

Последно ажурирање: 22.12.2014

Кон почетокот на страната