. .

Индустрии

Моќна логистика

Дали вашата компанија се соочува со предизвиците на глобализацијата, скратувањето на производните циклуси и притисокот за иновација? ДБ Шенкер ја разбира ситуацијата во која се наоѓате – и ние ги имаме вистинските решенија за вас.

Преглед на сите предности:

  • Дали имате производни погони во источна Европа или Азија – или дали планирате да изградите производствени капацитети таму? Нашата глобална мрежа ви овозможува да ги надминете големите растојанија брзо и безбедно и со сигурност во планирањето.
  • Исто така, ќе можете да го забрзате текот на вашите материјали и готови производи, а ние ќе ви помогнеме да ги унапредите вашите процеси во синџирот на набавка.
  • Без разлика дали ви треба специјализирано или стандардно решение – ние, како водечки меѓународен понудувач на услуги на логистика за електронската индустрија,ќе ви понудиме веќе докажани концепти и специјализирани услуги.
  • Нашите целосно транспарентни системи ќе ви овозможат јасен преглед и контрола над сите активности.
  • Ќе ја зголемите ефикасноста на вашите процеси: Во делот договорна логистика/SCM, ние користиме квалитетни програми за управување за континуирано подобрување на вашите процеси.
  • Намалување на трошоците: Нашето решение за залихи што се управувани од продажниот дилер ви обезбедуваат навремено обновување на залихата преку оптимални процеси за управување со материјалите. Со други зборови, добавувачите ќе ги имаат компонентите сè додека не ви потребаат во погон, а тоа ќе ви ги намали трошоците за залиха.

Исто така ќе можете да ги користите нашите бројни дополнителни услуги, вклучително поправки и етикетирање.

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната