. .

The page is printed

Индустрии

Вашиот клуч за поголем успех на глобалните пазари

Сигурни и ефикасни системи за логистика нудат голема предност за компании што бараат успех на меѓународното конкурентно поле. Со своите повеќе од 140 години искуство во индустриската логистика, ДБ Шенкер може да ви понуди ваква конкурентна предност.

Ние се грижиме за сè, од набавка на суровини до дистрибуција на производите – насекаде во светот. Без оглед дали е транспорт во рамки на проект или совршено распределени навремени пратки: Кога треба да се добие максимумот од вашиот процес на логистика, ДБ Шенкер е вашиот клуч до успехот.

Преглед на сите предности:

  • Нашето портфолио е исто толку разновидно како и палетата на вашите производи: Ние транспортираме цели машини, компоненти и поединечни и резервни делови.
  • Ваша задача е само да се консултирате со нашите експерти за различните индустриски сектори. Сите тие имаат долгогодишно искуство и ќе ви помогнат да развиете прецизни и сигурни процеси на логистика според вашите барања.
  • Економичен транспорт, благодарение на нашата глобална мрежа: По копно, воздух или поморски – може да изберете она што вам ви одговара.
  • Работете едноставно и искористете ја предноста од целосни решенија за логистика од еден единствен извор. Ние, исто така, нудиме дополнителни услуги, како што е складирање, земање и пакување, полнење, центри за резервни делови и дистрибуција кон повеќе од 570 центри за логистика ширум светот.
  • Можете да се потпрете на нашата железничка мрежа за услугите на меѓумодален транспорт со единечни вагони или блок возови. Исто така, можеме да ја добавиме која било специјализирана опрема што ви е потребна за вашата индустрија.

Уште повеќе, ќе ги искористите предностите од глобалната транспарентност на процесот, со помош на нашата врвна ИТ инфраструктура.

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната