. .

Индустрии

Логистика на модните писти

Брзина, флексибилност, ефикасност – потребите за логистиката во секторот малопродажба се доста сложени ДБ Шенкер е глобално присутен и има искуство за оптимално да одговори на овие потреби.

Светот на модата се врти многу брзо: Кратките животни циклуси и брзите сезонски модни промени претставуваат екстремно високи барања за системите на логистика. Нашата глобална мрежа ви овозможува веднаш да одговорите на каков било предизвик.

Преглед на сите предности:

  • Нашата мрежа може да ви понуди услуги за сè, од управување со синџирот на набавка во Европа, до управување со глобалните синџири на набавка.
  • Вас ви треба некој што ги разбира предизвиците со кои се соочувате и кој ќе работи заедно со вас за да ги премостите: Тука можете да им верувате на нашите експерти.
  • Сеопфатен опсег услуги од еден единствен извор: Вие може да се фокусирате на работите што вие треба да ги направите.
  • Ние се грижиме залихите и рутите на транспортот да бидат транспарентни, го поддржуваме вашиот синџир на набавки со складирање и проверки на квалитетот и ви стоиме на услуга како ваш партнер за воспоставување мрежа за електронска продажба и дистрибуција.
  • Ние обезбедуваме брзо обновување на вашите залихи во периоди кога побарувачката е исклучително голема: Ние ќе работиме заедно со вас на развој на флексибилен систем за управување со набавката што ќе ви овозможи брзо да ги добиете производите што ви се потребни од производните центри или од добавувачите.

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната