. .

The page is printed

Индустрии

Енергичен транспорт со одржливи придобивки

Индустриите за полу-проводници и соларна енергија функционираат на динамичен пазар каде што се потребни ефикасни решенија за логистика и оптимални синџири на набавка.

Нашите флексибилни експерти ви ги овозможуваат и двете работи, така што вие ќе можете брзо да реагирате на пократките иновативни циклуси и ненадејните промени на вашите проекти.

Нашето портфолио услуги за компаниите во индустриите за полу- проводници и соларна енергија ги опфаќаат сите аспекти на логистиката и го поврзуваат целиот опсег опции за транспорт. Ние нудиме сè, од традиционални решенија за транспорт и услуги за производствени набавки до дополнителни услуги, како што е пакување и проверка на квалитетот за да се осигури целосно оптимизирање на синџирот на набавка, логистиката за опрема и резервни делови и услуги по продажба.

Преглед на сите предности:

  • Искористете ги придобивките од нашето искуство: Повеќе од 15 години, ние работиме со производителите на оригинална опрема (ОЕМ) во индустриите за полу-проводници и соларна енергија. Според тоа, знаеме кои се барањата  на тие компании и можеме да понудиме специјализирани решенија за исполнување на тие барања.
  • Можете да ни верувате дека ќе ги примениме најстрогите стандарди за безбедност и дека постојано ќе одржуваме висок степен на квалитет во работата со вашите чувствителни проекти.
  • Дали сте креативни? И ние, исто така! Искуството што го имаме стекнато преку интеракцијата со добавувачите, производителите и нивните клиенти ни овозможува постојано да развиваме нови решенија што ќе ви дадат конкурентна предност на пазарот.

Дали ви треба сигурен партнер на проектот кој, исто така, ќе може брзо да одговари на новите ситуации? Нашето искуство, инфраструктура и посветеноста на нашите вработени сигурно ќе бидат доволни да ве уверат!

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната