. .

The page is printed

Индустрии

Транспортна експертиза за свежи и чувствителни стоки

Сакате да бидете сигурни дека вашите расипливи производи ќе останат ладни во текот на целиот транспорт? Можете да сметате на нас и нашата експертиза за ладилници.

Ние ќе ви помогнеме со нашето знаење од долгогодишното искуство што го имаме – со нас чувствителните пратки ќе бидат сигурни и ладни!

Сложеноста како резултат од потребата да се одржи конзистентна температура во транспортот со ладилници претставува посебен предизвик во логистиката. Нашиот производ „DB SCHENKERperishables“ ви нуди директно решение (од врата до врата) за расипливите производи во текот на целиот синџир на транспортот.

Нашиот тим експерти овозможува да одговориме на вашите индивидуални барања, така што чувствителните стоки ќе пристигнат на дестинацијата ладни, свежи, вентилирани и суви како што треба да бидат.

Вашите придобивки од „DB SCHENKERperishables“:

  • Транспорт со контрола на температурата на сите рути, со конкурентно времетраење на достава
  • Разладни контејнери што одржуваат точно контролирана температура – од -27°C до +30 °C
  • Транспорт на сите производи за кои е потребен превоз во ладилници
  • Портфолиото на превозници што работат со ДБ Шенкер ви овозможува избор од стабилни и сигурни партнери во транспортот.  
  • Највисок приоритет и сигурност за резервирање и реализација на транспорт со контролирана температура
  • Целосен температурен/ладен синџир од местото на подигнување на пратката до навременото доставување на чувствителната стока.

Последно ажурирање: 10.11.2014

Кон почетокот на страната