. .

The page is printed

Побрзи и поефикасни

DB Schenker го реорганизира своето деловно работење во Европа

Подружницата DB Logistics спојува четири европски региони за управување во еден. Евалд Кајзер именуван за генерален извршен директор на Регион Европа.

Поефикасни и побрзи: DB Schenker Logistics го реорганизира своето деловно работење во Европа и спојува четири региони за управување во еден. Започнувајќи од 1 јануари 2016 година, „Регион Европа“ ќе стане најголемата деловна единица на подружницата DB logistics, вработувајќи дури 40.000 од вкупно 65.000 вработени. 36-те европски национални организации потоа ќе бидат распределени во десет кластери на земји. Генерален извршен директор на новиот Регион Европа ќе биде Евалд Кајзер, кој ќе остане член на Управниот одбор на Schenker AG што е одговорен за патниот превоз.

„Нашата нова структура во Европа ќе го направи друштвото DB Schenker Logistics помоќно и побрзо кога станува збор за носењето и спроведувањето на одлуките. Во денешно време на дигитализација и глобализација, ова претставува барање од суштинско значење,“ изјави Јохен Тевес, Претседател на Управниот одбор на Schenker AG во Есен. „Ваквата централизација ќе му овозможи на Регион Европа да добие на брзина.“

Евалд Кајзер додаде, „Особено кај глобалните клиенти, постои голема побарувачка за пристап до Европа како единствена област без граници. Ова е одразено во новата структура. Поедноставените и пократките процеси за носење на одлуки ќе го олеснат осмислувањето на интегрирани логистички решенија што се посебно приспособени кон барањата на клиентот и нивното брзо спроведување.“ Покрај тоа, се очекува дека поефикасните структури ќе имаат позитивни ефекти врз трошоците.

Десетте кластери на земји во Регион Европа се:

  1. Германија и Швајцарија
  2. Нордиски земји: Шведска, Финска, Норвешка и Данска
  3. Франција и Мароко
  4. Југоисточна Европа: Австрија, Романија, Словачка, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Чешка, Србија, Грција, Унгарија, Македонија, Турција
  5. Полска и Источна Европа: Полска, Естонија, Летонија, Литванија, Украина, Белорусија
  6. Бенелукс: Холандија, Белгија, Луксембург
  7. Италија
  8. Обединето Кралство и Ирска
  9. Ибериски полуостров: Шпанија, Португалија
  10. Русија

Последно ажурирање: 25.02.2016

Преглед

Кон почетокот на страната