. .

The page is printed

CarryPick систем

DB Schenker врши електронска трговија од следната генерација

Роботите и автоматизираното пакување го револуционизираат начинот на којшто водечката 3PL компанија управува со онлајн нарачките.

Во својот логистички центар во Арландастад, во близината на Стокхолм, Шведска, DB Schenker успешно го имплементираше  CarryPick системот за автоматизирано исполнување на онлајн нарачките и враќање на решенија за манипулација. Новиот систем, што се користи за Lekmer.com, најголемиот скандинавски онлајн продавач на играчки, ќе ја зајакне позицијата на DB Schenker на пазарот за електронската трговија.

CarryPick претставува дел од портфолиото за е-трговија на DB Schenker што е насочено кон клиентите со голем обем на онлајн работење што бараат значителни подобрувања на ефикасноста. Се работи за автоматизиран систем за складирање на стоките и нивно селектирање за исполнување на поединечни нарачки што беше развиен од страна на Swisslog. Во основата на решението се наоѓаат автономно движечки роботи (автоматизирани наведувани возила – AGV) што се движат под подвижните полици и ги испорачуваат истите до станици за подигнување, каде што бараните производи се подигаат и се пакуваат.

Зголеми сликаCarryPick solution, DB Schenker, DB Schenker

Поради својот модуларен дизајн решението може да се прошири за да се излезе во пресрет на сезонските зголемувања на побарувачката или на зголемениот обем на работење на клиентот и истото се управува од интелигентен софтвер што е поврзан со системот за магацинско работење на DB Schenker. Оваа врска, што беше креирана од страна на внатрешните ЕКТ експерти со користење на стандардните ИКТ интерфејси, ќе го олесни инсталирањето на решението на другите локации на DB Schenker, како и за новите клиенти.

Зголеми сликаCarryPick solution, DB Schenker, DB Schenker

„Посебно сме горди и среќни што го имплементиравме најголемиот CarryPick во светот досега“ изјави Андерс Холмберг, Директор за деловен развој на DB Schenker во Шведска. „Со повеќе од 60 роботи и 1550 мобилни полици, ние можеме да се справиме со 35.000 различни артикли, како и да извршиме до 40.000 нарачки на ден“.

Зголеми сликаCarryPick solution, DB Schenker, DB Schenker

Решението е сместено во магацин со површина од 10.000 метри квадратни, од коишто 6.000 метри квадратни се резервирани за CarryPick системот. CarryPick решението, што ја поседува најдобрата ефикасност во својата класа и нуди целосна флексибилност, ја зголемува продуктивноста на вработените за цели 60 проценти, а истовремено ги максимизира заштедите на подните површини, што изнесуваат приближно 20 проценти.

Зголеми сликаCarryPick solution, DB Schenker, DB Schenker

Ваквата автоматизација од следната генерација се раководи според Програмата за иновации и решенија на DB Schenker што е во согласност со фокусот на друштвото на стратегијата за Логистика 4.0. Преку активното спроведување на дигитализацијата и вложувањето во иновативни технологии за задоволување на идните потреби, DB Schenker воведува нови стандарди во управувањето со синџирите на снабдување на клиентите насекаде во светот и ја зајакнува својата позиција на водечки избор за партнер во синџирот за снабдување.

Последно ажурирање: 24.02.2016

Преглед

Кон почетокот на страната