. .

Грац

Шенкер отвора нов логистички центар во Австрија

Инвестиција вредна 25,000,000 евра во еколошки логистички центар • ДБ Шенкер го удвојува просторот во Стирија и генерира капацитет за 250 вработувања

Новиот логистички центар во Грац, Австрија беше отворен по завршената изградба којашто траеше помалку од една година. Шенкер го удвои својот физички простор во Стирија и отвори можност за 250 вработувања, заедно со новиот терминал.


“Ние сме среќни што изградбата на новиот логистички терминал се одвиваше многу брзо и успешно, со што можеме да го постигнеме планираниот рок за официјално отварање на овој логистички капацитет”, вели Bernd Labugger, менаџерот на ДБ Шенкер Грац.


“Овој нов проект не само што ќе ни овозможи да излеземе во пресрет на индивидуалните барања на нашите клиенти ефикасно и побрзо, туку, ќе ни дозволи да осигураме високо ниво на заштита на животната средина и оптимизација на CO2 ”, вели Helmut Schweighofer, CEO на ДБ Шенкер Австрија и Југоисточна Европа.

Врвен логистички центар јужно од Алпите

Организираноста и високата функционалност на веќе постоечкиот, ултра-модерен, високо-технолошки логистички центар во Грац, е познат како “state-of-the-art”. Со помош на ИТ решенија и стандардите за безбедност, интегрираниот давател на логистички услуги првенствено се фокусира на заштита на животната средина.

Новата локација има вкупна површина од 70.000 м2, а вклучува и зона за претовар, со површина од околу 3.500 м2. Деловен објект зафаќа површина од 2.800 м2, а околу 27.000 м2 е просторот обезбеден за договорна логистика.
На тој начин, новиот терминал во Грац е најнапреден логистички центар јужно од Алпите.


Неговите директни врски со железничката мрежа преку јужниот интермодален терминал и заедно со патиштата А2 и A9, направија да стане лесно достапен логистички центар, коj може, исто така, да им понуди на клиентите блок-воз помеѓу Вендорф и пристаништето Копер на Јадранското Море.

Последно ажурирање: 19.06.2017

Преглед

Кон почетокот на страната