. .

The page is printed

Дуизбург

100,000 m² за автомобилска логистика во Германија

Револуционерна прослава за новиот логистички центар кај пристаништето на Дуизбург

Dr. Thomas Böger, член на Одборот на менаџери за договорна логистика во Schenker Deutschland AG истакна: „Многу сме горди што влегуваме во едно ново ниво на логистичко партнерство со наш долгогодишен потрошувач – Daimler. Ова беше можно благодарение на целосниот концепт на искусно процесирање кој ветува многу, како и идеалната локација со оптимални конекции до внатрешно пристаниште. Во исто време, почестени сме што сега имаме наша голема установа за договорна логистика на пристаништето во Дизбург, кое е огромно логистичко жариште. Веруваме дека овој проект е голем чекор напред кон проширувањето на нашите активности во бизнисот на договорната логистика.”

Зголеми сликаGraz, DB Schenker, DB Schenker

Joachim Stern, генерален менаџер за логистика за регионот Рајна во Schenker Deutschland AG, го нагласи позитивниот финансиски ефект за целиот регион: “Во првата фаза на проширувањето, ќе отвориме работни места за околу 200 квалификувани работници на пристаништето во Дизбург. Уште еднаш повторувам, ова ќе ги нагласи нашите логистички активности во овој регион и нашата улога како еден од поголемите работодавци во метрополитенскиот регион Рајна-Рур.“

Dr. Jörg Homering, менаџер за дистрибуција на Мерцедез Бенз комби возила додаде: „Денес, ние славиме значајно достигнување во нашата долгогодишна соработка со DB Schenker. Гледаме на денешната воодушевувачка церемонија како резултат на нашата успешна соработка. Дополнително, го означува продолжувањето на добро воспоставените бизнис односи меѓу нашите две компании. Стратешки соодветната локација на новиот логистички центар на пристаништето во Дизбург, со одличните транспортни конекции и близината до внатрешниот терминал, ја прават идеална почетна точка за обезбедување на оптимална поддршка за нашиот глобален бизнис.“

Последно ажурирање: 27.06.2017

Преглед

Кон почетокот на страната