. .

The page is printed

Едно решение. Бесконечни можности

eSchenker: Технологија за логистика од новата генерација

Изграден врз основа на моќна архитектура на карактеристики, eSchenker порталот ви помага во секој чекор од логистичкиот процес со едноставни, континуирани и често автоматизирани функционалности.



Светот е во движење како никогаш порано. Глобалното движење на стоките станува сѐ посложено. Оттаму, комбинирањето на традиционалните производи со модерните информатички и комуникациски технологии сѐ повеќе добива на важност. Компаниите ќе мора да ги прифатат интегрираните, колаборативните и оптимизираните логистички процеси и технологии за да останат конкурентни. Дигитализацијата е клучниот збор!

Според тоа, ние во DB Schenker Logistics мора забрзано да се трансформираме во дигитално ориентирано друштво. Новиот веб портал на Schenker е најнапредното логистичко решение што сме го направиле кога било. Тој ги комбинира подобрените постоечки eSchenker функционалности со моќни нови е-услуги. Тие ви обезбедуваат сѐ што вие е потребно за ефикасно, брзо и погодно управување со вашите логистички процеси од едно место. Без оглед на формата на превозот и каде ќе ве одведе вашето деловно работење, eSchenker е вашиот електронски клуч за транспарентна логистика.

Сѐ е опфатено. Сѐ на едно место.
eSchenker ги вградува сите форми на превоз во еден eBusiness портал – од патниот транспорт, глобалниот воздушен и прекуокеански превоз на товар, до договорна логистика. Исто така ви ги обезбедува сите алатки што ви се потребни за управување со сите фази на процесот на шпедицијата – од временското планирање и утврдување на цените до резервирање, следење, фактурирање, поднесување извештаи и повеќе од тоа. Порталот е на веб и, според тоа, може да му се пристапи од сите ваши уреди со моментни информации во реално време секогаш кога ви се потребни. Сето тоа со единствена пристапна точка. Земајќи предвид сѐ од горенаведеното, ви носи погодност со големо П.

Се приспособува кон вашиот начин на работење.
Кога станува збор за логистиката, секако дека не постои едно универзално решение. eSchenker веб порталот може да се приспособи за совршено да одговори на вашите потреби и на потребите на вашето претпријатие. Всушност, сметаме дека претставуваме продолжение на вашето претпријатие, отсликувајќи и подржувајќи ја вашата интерна инфраструктура и начините на работење. Можете посебно да ги приспособите функциите врз модуларна основа за да ги вклопите во вашите постоечки структури и може да ги персонализирате поставките за да го приспособите кон вашите барања – независно од обемот на испораките и сложеноста на вашите работни процеси.

Повеќе транспарентност. Повеќе контрола.
Целата слика од едната, и сеопфатни детали од другата страна - eSchenker ви овозможува постојан пристап до двете. Тој ги консолидира информациите и ја овозможува нивната видливост во сите фази на сите процеси, од изворот до испораката. Оттаму, во секое време може да видите сѐ што треба да знаете за неколку секунди, секаде каде што тоа ви е потребно, и да реагирате побрзо како резултат на тоа.

Создаден заради едноставност.
Новиот eSchenker портал е дизајниран со иновативен распоред на елементите на контролната табла, со функција за повлекување и пуштање со глувчето што е апсолутно интуитивна за користење и се приспособува кон вашите потреби. Кога станува збор за повторливите секојдневни задачи ќе ви бидат од помош и автоматизираните шаблони што ги вклучуваат вашиот адресар и архивата. Управувањето со сложените испораки никогаш порано не било толку едноставно.

Заштедете време. Заштедете на трошоците.
Вашите ресурси се највредното нешто што го поседувате – свесни сме за тоа. Исто така, знаеме дека синџирите за снабдување и производните процеси стануваат сѐ посложени – и одземаат сѐ повеќе време – во сѐ повеќе и повеќе глобализираниот свет. Новиот eSchenker веб портал нуди уште помоќни технологии што се осмислени за целите на рационализирањето на вашите работни процеси. Се работи за нов софистициран, но сепак поедноставен, пристап кон управувањето со логистиката што ќе ви заштеди и време и пари.

Уверете се самите: На eschenker.dbschenker.com уште денес може да го најдете нашиот eSchenker портал на светско ниво. За повеќе информации ве молиме обратете се кај вашиот контакт во DB Schenker.

Последно ажурирање: 15.05.2015

Преглед

Кон почетокот на страната