. .

The page is printed

Животна средина

Како се станува водечки понудувач на еколошки логистички услуги

Заштитата на животната средина не е само фраза што се користи во ДБ Шенкер; Тоа е корпоративна цел. Ние постојано работиме за намалување на сопствените емисии на CO2 и во овој контекст пред нас си поставивме амбициозни и тешки цели.

На пример, планираме намалување на емисиите на CO2 за 20% од нивоата од 2006 година до 2020 година (имајќи го предвид обемот на транспорт).

Глобалната мрежа за логистика на ДБ Шенкер ни овозможува да имаме интегриран пристап во заштитата на животната средина, а тоа пак ни овозможува да можеме да понудиме решенија на клиентите што се најекономични и најеколошки. Тука посебно треба да се спомене нашата можност на интелигентен начин да поврземе различни видови транспорт со што отвораме огромни можности за намалување на емисиите на CO2.

Мерките што ги спроведува ДБ Шенкер за постигнување на целите за заштита од климатските промени го вклучуваат и следното:

  • Давање иновативни еколошки решенија што го олеснуваат товарот врз животната средина
  • Спроведување мерки за подобрување на енергетската ефикасност
  • Проширување на употребата на обновливи извори на енергија, со цел намалување на нашата зависност од фосилните горива

Ние водиме широка дискусија со нашите клиенти за да определиме кои мерки треба да се употребат за намалување на емисиите на CO2 и каде треба да се применат тие мерки. Исто така, дефинираме внатрешни мерки што може да ги спроведе ДБ Шенкер за уште поголемо намалување на емисиите. Нашите клиенти имаат корист од еколошките решенија што ги нудиме – решенија што ќе направат тие полесно да ги исполнат сопствените цели за заштита на животната средина.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната