. .

The page is printed

Одржливост

Нашите зелени стапки

Користиме најнови пресметковни стандарди за да ги прибереме и процениме податоците за влијанието врз животната средина.

ДБ Шенкер ги собира податоците за животната средина за своите операции во копнената, железничката и прекуокеанската шпедиција, активностите од договорната логистика и капацитетите (локациите) за логистика. Овие податоци вклучуваат бројки во однос  на загадувачите на воздухот и сите релевантни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, според Протоколот за гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Пресметките што ги правиме за нашиот тековен еколошки отпечаток се вршат на ист начин како и претходните години (од 2007 година). Сите релевантни податоци ги собира нашиот корпоративен тим задолжен за животната средина. Потоа, податоците се обработуваат и анализираат во соработка со консултантската група INFRAS, која ја даде својата поддршка при изготвувањето на Европскиот стандард EN 16258 за пресметување на емисиите на стакленички гасови од товарните и патничките транспортни услуги. Според тоа, пресметката за отпечатокот од CO2 емисиите ги исполнува барањата според стандардите ISO 14064-1 и EN 16258.

Вкупните емисии на CO2 што ги генерира логистиката на ДБ Шенкер достигнаа приближно 15.6 милиони метрички тони во 2012 година ( целокупен животен циклус – индиректни и директни емисии). Емисиите може да се анализираат на следниот начин:

DB Schenker Logistics CO2-Emissionen, DB Schenker

Во нашата Брошура за животната средина која се објавува на годишно ниво, може да најдете резиме за сите наши активности во насока на заштита на животната средина. Исто така, направивме и филм за заштитата на животната средина кој дава добар преглед на мерките што ги преземаме во различните видови транспорт, во активностите во договорната логистика и во стационарните капацитети.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната