. .

The page is printed

Одржливост

Вашиот силен партнер за заштита на животната средина

Ја сакате природата и сакате да придонесете во заштитата на животната средина? ДБ Шенкер ви нуди токму таква можност – покрај сè, еколошките решенија се наш најголем приоритет.

Спроведуваме различни мерки наменети за реализација на целите за заштита од климатските промени и тоа не прави еколошки пионер во нашата индистрија!

  • Интегритет: Сите алатки за пресметка и процена на CO2 се основани на применливиот стандард EN16258. Ова овозможува највисок степен на транспарентност за податоците за емисии.
  • Заложба: Нашите методи за извештаите се во согласност со принципите на Global Compact платформата на ОН и ние ги објавуваме податоците за животната средина во „Carbon Disclosure Project (CDP)“ и „EcoVadis“. Учествуваме во неколку конзорциуми и иницијативи за известување во врска со  емисиите на CO2, како што се „EcoTransIT World“, работната група за чист товар (Clean Cargo Working Group (CCWG)) и Иницијативата за емисиите во воздушниот транспорт – „Air Carbon Initiative“ (ACI).
  • Следење: Ние ги следиме нашите преференцијални превозници и осигуруваме нивните подобрувања во однос на ефикасноста да се отсликуваат во „отпечатокот“ на CO2 на нашите клиенти и во нашите вкупни пресметки за емисиите на CO2. Ги користиме само еколошки најсигурните превозници и приватни превозници кога ги реализираме проектите за намалување на емисиите на CO2.
  • Успешност: ДБ Шенкер е најдобар во својата класа од аспект на редовните операции во прекуокеанскиот транспорт. Исто така, ги намаливме емисиите на CO2 во копнениот транспорт за околу 30 проценти, преку примена на решенија специјализирани според клиентот и преку комбинирање на различни видови транспорт.
  • Возила и вработени: Повеќе од 50% од нашиот возен парк камиони и возниот парк на нашите партнери превозници во југоисточна Европа се рангирани повисоко од Еуро 4 стандардот за емисии на издувни гасови. Сите наши возачи посетувале програми за обука за еко-возење.
  • Консултации: Нудиме решенија специфични за клиентот и поддршка со најновите алатки и методи за намалување, спречување и компензирање за емисиите на CO2.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната