. .

Извештај за одржливост на ДБ

ДБ: Со 35% еколошка енергија до 2015 година

„Ние постојано работиме на нашето позиционирање како еколошки пионер“ - рече Д-р. Карл Фридрих Рауш на презентацијата на Извештајот за одржливост на ДБ за 2012 година.

Извештајот за одржливост на ДБ го прикажува првичниот напредок на стратегијата DB2020 на Deutsche Bahn, која беше усвоена пролетта 2012 година. „ Ние дефиниравме одговорно корпоративно однесување за постигнување рамнотежа меѓу економските, социјалните и еколошките фактори и формулиравме три амбициозни цели: Профитабилен водач на пазарот, најдобар работодавач и еко-пионер. Овие цели продолжуваат да не водат на нашиот пат, иако во моментот се справуваме со тешки услови на пазарот“ додаде Д-р. Рауш, Главен одговорен за одржливост и Раководител за транспорт и логистика во „Deutsche Bahn“.

Извештајот кој содржи 150 страници го процени Глобалната иницијатива за извештај (Global Reporting Initiative (GRI)) со највисока оценка за примена, степен (А+).  Клучни бројки: Само во Германија, во 2012 година, имаше приближно 11.000 нови вработувања и на 2.000 лица на обука им беше понудено вработување. Резултат спореден со компаративни дејности, 179.269 поединци – 95% од вработените на ДБ во Германија – имаат договори за вработување на неопределено време. Со 11.000 практиканти, студенти што работат и студираат и учесници од „Шанса плус“, ДБ групацијата е еден од најголемите понудувачи на можности за обука во Германија. Најголемата анкета за работната сила прикажа процент на учество од 61.4% од вработените ширум светот. Заедно со бонусот на крајот од годината ќе се воведи нов систем за наградување за исполнување на целите. Покрај финансиските клучни показатели на успешност, од 2013 година ќе се земат предвид и резултатите за влијанието врз животната средина и задоволството на клиентот/вработените лица. Промената во корпоративната култура што започна во 2010 година, почнувајќи од 2012 година претставува централна точка во стратегијата на Групацијата DB2020.

ДБ е еден од најголемите корисници на индустриска моќ во Германија. Според тоа целите за заштита од климатските промени кои може да се квантификуваат ги дефинираат клучните точки од Стратегијата DB2020.

Во 2012 година, обновливите извори на енергија учествуваа со 24% од снабдувањето со енергија; до крајот на 2013 година оваа бројка ќе биде околу 30%. Исто така, релевантни бројки во однос на животната средина покажуваат дека ДБ успешно ги намали специфичните емисии на CO2 на глобално ниво со приближно 12.3% во периодот од 2006 и 2012 година и тоа во сите видови транспорт, т.е. во копнениот, водениот и воздушниот сообраќај.

Последно ажурирање: 16.12.2014

Кон почетокот на страната