Царинење и логистика

Брзото царинење Ви гарантира и брз проток на стоката

Во рамките на широкиот спектар на логистички и транспортни услуги, ДБ Шенкер ви нуди и царинско застапување во увоз, извоз и транзит.
Со тоа нашата услуга ги опфаќа сите чекори и процедури во увозот и извозот од странство. На тој начин од еден извор и еден провајдер Вие добивате комплетна шпедитерска услуга.

Нашето одделение за царинско посредување Ви нуди:

Увозно / Извозно царинење
Изготвување на транзитни документи
Царинење на привремено увезена стока
Царинење за саеми и изложби
Консултантски услуги за било која надворешно трговска процедура

Од месец Јули 2006 година во функција е и нашето царинско складиште тип А за царинско складирање и привремено чување на стока, со површина од 680 М2 затворен простор и услови за складирање на сите ваши пратки.
Складиштето се наоѓа во станица Локотоварна - Скопје, што овозможува железничка конекција и манипулација на железнички товари како на отворено така и внатре.

Последна промена: 27.09.2009

царинско посредување

Контакт

Наташа Игњатова

Раководител на одделение за царинско посредување

Тел: +389 2 3107-664

Факс: +389 2 3173 335

 

divider